Апелација ги потврди доживотните казни за „Монструм“
Одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, судот ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.
Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014-та за случајот „Монструм“.
Одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, судот ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.
Судот по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на 5–те обвинети огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од кривичниот законик, како соизвршители и едниот обвинет огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостпениот суд, се одбиваат како неосновани, се вели во соопштението од скопска Апелација.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам