Антиглобалисти нападнаа полициска станица во Хамбург
Група антиглобалисти нападнаа полициска станица во реонот на Алтона во Хамбург, каде денеска почнува Самитот на Г-20.
Во тој дел од градот демонстрантите запалија и неколку полициски возила, а регистрирани се и нови судири меѓу антиглобалистите и полицијата.
- Федералната полиција почна операција против лицата со насилно однесување, кои фрлаат Молотови коктели и палат полициски возила во Алтона, се посочува во соопштението од полицијата.
Претходно, локалните власти соопштија и за пожар во магацин на салон за автомобили. Во гаснењето на огнот учествуваат повеќе од 60 пожарникари.
Се уште не е познато дали пожарот е поврзан со синоќешните протести на антиглобалистите во Хамбург.
Непознати лица, за кои се претпоставува дека се анархисти, вчера подметнаа пожар во автосалон на „Порше“ во Хамбург, при што изгореа десет автомобили.
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани