-->
-->
Анкета: Околу 46 отсто Срби сметаат дека кризата во Украина ќе трае со години
-->
Околу 46 отсто Срби сметаат дека кризата во Украина ќе трае со години, додека 64 проценти од нив се плашат дека конфликтот би можел да предизвика светска војна, покажа истражување што го спроведе агенцијата Фактор плус.
Како што јави „Блиц“, само четвртина од испитанците веруваат дека конфликтот во Украина ќе биде решен во наредните неколку дена, или недели.
На прашањето какви последици ќе има врз Србија, 63 отсто од испитанците навеле дека првенствено тоа ќе бидат економски, а 58 проценти од анкетираните сметаат дека ќе бидат политички. Околу една третина од Србите веруваат дека конфликтот во источна Европа, воено ќе се одрази на Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам