Анима Мунди до Рамиз Мерко: Oва не е племенски сојуз, туку држава!
По само два месеци од масовното убиство на кучиња од Струга, кога вооружани лица среде бел ден стрелале во жива мета по улиците на Струга, фрапантно кршејќи закон, сведочиме на јавно охрабрување за убивање на кучињата, истакнуваат од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“.
И тоа, како што велат не изјави на некој обичен граѓанин туку првиот човек на Струга, кој очигледно залутал во дејност чија одговорност не ја разбира.
„Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава! Законите, стратегиите постојат за да се унапредуваат, а со идеите за тендери со ловни друштва и убивање на секое куче од улица, закана сте по сѐ што е цивилизациска придобивка, претставувате опасност и ја срамите Струга.
Ова е говор на омраза кој промовира и поттикнува насилство за што треба итно да се биде казнет!
Со вакви сфаќања, повици и изјави човек не смее да биде политичар, уште помалку градоначалник на град и атрактивна туристистичка дестинација во нашата држава“, потенцираат од здружението.
Од една страна, како што додаваат, Струга со сите свои убавини, од друга градоначалник кај кој личи дека општествената еволуција застанала, за кого емпатија и хуманост се непознати поими а насилството, безредието, убивањето животни посакувана норма.
„Компаративно одобрување на помало убиство – животно, не може никогаш да го прави истото дело оправдано. Посочуваме и дека во изјавата Рамиз Мерко кажува како жител од село Мислешево убил и натоварил цел трактор со мртви кучиња, бараме институциите, обвинителелството веднаш да постапи по овој случај на кој Мерко е очигледно сведок и да биде повикан на распит. Воедно легитимно е да се праша дали градоначалникот на Струга ги поттикнал или ангажирал оние кои во јануари стрелаа бездомни кучиња по градот, загрозувајќи ја безбедноста на сите, а притоа никој да не одговара до ден денес“, се нагласува во информацијата од Анима Мунди.
Одговорност, додаваат од таму, мора да има ако целиме кон правичност и правда, а не кон девијација на и она малку нормално што остана од/во нашава држава !
Ново на Сител
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
