Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, посети градилиште за подморници на нуклеарен погон и беше сведок на тестирање на „нов тип“ противвоздушна ракета, јави денеска севернокорејската агенција КЦНА.
Како што пренесе сајтот „Јуроњуз“ (Euronews) на француски јазик, Ким за време на посетата ги критикувал напорите на Јужна Кореја да развие сопствени подморници на нуклеарен погон со САД, нарекувајќи го тоа „закана на која мора да се спротивстави“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, му даде „зелено светло“ на Сеул за изградба на тие подморници за време на посетата на Јужна Кореја во октомври. Некои клучни детали од договорот, вклучувајќи ја и локацијата каде ќе се градат пловилата, не се познати, но одлуката предизвика незадоволство во Пјонгјанг.
Само неколку земји поседуваат подморници на нуклеарен погон, а Вашингтон ја смета технологијата за нивниот развој за една од најчувствителните и најдобро чуваните воени тајни.
Ким ја оцени моменталната безбедносна ситуација како „негативна“, поради што е неопходен брз напредок на севернокорејското „морско нуклеарно оружје“, јави КЦНА и додаде дека Ким го надгледувал тестирањето на „нов вид противвоздушна ракета со голем дострел на големи височини“ над Источното Море, како што Северот го нарекува Јапонското Море.
– Лансираната ракета прецизно погоди лажна мета на височина од 200 километри, наведе КЦНА.
Тоа би значело дека целта била во вселената, доколку таа височина е точна, додаде „Јуроњуз“.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
