Англиско финале Тотенхем – Манчестер Јунајтед во Лига Европа
Англиските прволигаши Манчестер Јунјатед и Тотенхем ќе играат во финалето во Лига Европа на 21 мај во Билбао.
Ова е епилогот од вечерашните реванш полуфинални натпревари во кои Манчестер јунајтед го елиминираше Атлетик Билбао со вкупен резултат 7-1, додека Тотенхем го исфрли норвешки Бодо/Глимт со вкупен резултат 5-1.
Манчестер Јунјатед ја задржа предноста од првиот дуел во Билбао од 3-0, совладувајќи го вечерва Атлетик со 4-1 пред своите гледачи со пресврт во вториот дел.
Шпанскиот тим, кој допатува на „Олд Трафорд“ без четворица клучни играчи, дојде во водство во 31 минута преку Хаурегизар, но Манчестер Јунјатед дојде до целосен резултатски пресврт со головите на Маунт (72, 90+1)), Касемиро (80) и Хојлунд (85).
Пласман во финалето со две победи обезбеди и Тотенхем, кој по триумфот пред една недела во Лондон од 3-1, триумфираше и вечерва на гостувањето во Норвешка со 2-0 со головите на Соланке (63) и Поро (69).
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри