-->
-->
Андријана Јаневска: Мора да се освестиме и сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста
-->

Со поддршка за граѓанската иницијатива денеска се приклучи и познатата македонска пејачка Андријана Јаневска.
Таа се обрати пред присутните граѓани пред Собранието на Република Македонија, каде порача дека е време додека не е касно, да се освестиме и сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста
-Велиме лоши времиња дојдоа, не се лоши времињата, туку човекот, сите ние се однесуваме како да ќе живееме бесконечно долго, има ли смисла, која е поентата, моменталната ситуација наликува на шаховска партија, во која играат бели и црни, но не смееме да заборавиме на крајот кога играта ќе заврши сите фигури се враќаат во истата кутија, и пионот и кралот. Човекот е роден слободен, но секаде е во синџири, а за да бидеш слободен не е потребно само да ги тргнеш синџирите од своето тело, туку да живееш на начин кој ја почитува и прифаќа слободата на другите. Човечкиот род се одржува само со правење добри дела и со слога, затоа додека се уште има време, да се освестиме и сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста, тоа е она кое ни е неопходно, рече Јаневска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025