Албанската полиција откри магацин со 12 тони марихуана
Напуштен магацин преполн со марихуана откри албанската полиција во селото Пагри, кај Пермет во рамки на голема акција спроведена во овој регион.
Станува збор за околу 12 тони марихуана, дел во фаза на сушење, дел подготвена за транспорт.
Магацинот, според полциски извори, при контрола пред два месеца бил празен. Основано се сомнева дека дрогата била донесена од Скрапар и Корча.
Уапсени се три лица, а се трага по сопственикот на магацинот.
Во друга акција во близина на приморскиот град Валона заплените се над 1,4 тони марихуана и уапсени се две лица од градот Фиер и едно лице од Валона, на возраст од 19, 27 и 36 години. Тие биле забележани од полицијата пред да запловат со моторен чанец во правец на италијанскиот брег.
Албанската полиција само во изминатите осум дена од месец април на разни локации во земјата запленила околу 20 тони марихуана.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска