АХВ: Во Македонија нема холандски јајца со инсектициди

Во Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектициди, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Според АХВ, единствен увоз на овој производ во земјава е од Република Србија од каде во првите шест месеци од 2017 година биле увезени вкупно 162.560 килограми конзумни јајца, а во 2016 година 509.402 килограми.
- Домашното производство и увозот на конзумни јајца во Република Македонија се под постојана контрола на официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од досега извршените контроли и реализацијата на Националната мониторинг програма не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста, ниту во домашното производство, ниту во увезените количини, наведува АХВ.
Ново на Сител
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
