Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
Али Ахмети ќе ја почитува одлуката на САД што го ставија на црната листа Груби, но сепак вели Груби со факти ќе ја обжали одлуката. До тогаш, тоа што Груби е дел од највисокото партиско раководство на ДУИ, нема никаква штета смета Ахмети. Ако се докаже дека тој бил вмешан во корупција, тогаш сам ќе ја напушти партијата.
И министерот за правда ќе ја чека разврската, прашан зошто меѓународната заедница увидела корупција и кај Груби и кај судијата Енвер Беџети, а македонските институции не, вели Македонија има многу за усогласување.
Криминалните дејствија на Груби и Беџети ги виде САД, но не и оркетрираните обвинители поставени од СДСМ и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поставените судии и обвинители ДУИ и СДС после тоа ги користеле за влијанија во истражни и обвинителни постапки, како и во судски одлуки. Тоа се покажа и потврди и со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД. Една од причините поради кои Груби се најде на црната листа, е токму заради криминалното мешање во судството, кој земал мито за да влијае на судски одлуки, се вели во соопштението на владејачката партија.
И американската амбасадорка Агелер, вчера порача дека очекуваат разврска на случајот пред домашните институции заедно со ставот дека е чудно македонските институции да не го гледаат поткупот кој го виделе американските.
Груби и Беџети се најдоа на црната листа на САД за вмешаност во случај на поткуп за да застари предмет против екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар