-->
-->
АБА лига: И МЗТ Скопје Аеродром „се прошета“ низ Љубљана
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа седмата победа во АБА лигата откако вечерва во натпревар од 21.коло ја победија Олимпија со 91:72 како гости. Така откако во претходното во Љубљана победи Карпош Соколи во оваа рунда триумфираше МЗТ Скопје.
Македонскиот првак ги доби сите четири четвртини (16:12; 26:21; 23:15 и 26:24).
МЗТ Скопје водството го имаше во текот на целиот натпревар, а пет играчи имаа двоцифрен број поени.
Во ова коло вечерва Партизан и го нанесе првиот пораз на Црвена Звезда во АБА лигата 86:81.
МЗТ Скопје со скор 7 победи и 14 порази се наоѓа на делба од 10-13.место, а последен е Задар со 6-15.
Карпош Соколи со биланс 9-12 се наоѓа на 7.место на табелата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии