953 санкции за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.
Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 500 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 453 надвор од населено место, информираат од МВР.
- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии