Македонија
10. July 2022 - 17:02

48-годишна скопјанка пронајдена мртва, телото предадено на обдукција

Министерството за внатрешни работи информира дека на 09.07.2022 во 17.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом во нас. Драчево во кој живеела, пронајдена е почината С.И. (48) од Скопје, која имала здравствени проблеми.

- Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство, додаваат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.