-->
-->
25-годишен полицаец од Тетово застрелал две момчиња со службениот пиштол
-->
Две лица се повредени од огнено оружје откако вчера, половина час пред полноќ, во нив пукал 25 годишен полициски службеник кој не бил на работа. Како што соопшти МВР, Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, Тетовско, биле примени во тетовската болница со прострелни рани од огнено оружје, од каде поради сериозноста на повредите биле префрлени на скопските клиники.
Десетина минути по инцидентот, 25 годишниот полициски службеник Н.Х. сам се пријавил во полициската станица во Тетово, признавајќи дека со службениот пиштол пукал во двете момчиња.
Од МВР информираат дека полицискиот службеник бил задржан во полиција а за случајот е известен и секторот за Внатрешна конторла
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев