-->
-->
17 репрезентативци продолжија со тренинзите
-->
Ракометната препрезентација на Македонија од вчера работи со 17 ракометари кои се на располагање на тренерот Данило Брестовац и кондицискиот тренер Кристијан Кајчевски. По вчерашното доцнење на утринскиот тренинг надвор од репрезентацијата се голманот Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски. Последниот збор за нивниот статус во репрезентацијата ќе го даде селекторот Ивица Обрван, кој од лични причини на репрезентацијата ќе и се приклучи во недела. За очекување е Обрван да има најпрвин разговор со двајцата играчи.
Репрезентативците според пограмата дел од тренинзите ги работат заедно, а дел во групи се со цел подготовките добро да се одработат.
Со ваков тип на тренинзи ќе се работи до сабота, а потоа за недела е најавен слободен ден, а веќе од понеделник ќе почнат и тренинзите за тактично воигрување на екипата, кога се очекува и комплетирање со приклучувањето на Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Филип Миркуловски, Ацо Јоноски.
Според програмата ќе се тренира до среда, кога репрезентативците ќе добијат слободни денови за Новогодишните празници и следниот собир ќе биде закажан за 2.јануари, а на 3.јануари се патува за Словенија бидејќи на 4 и 5.јануари се и првите контролни дуели со Словенија.
Македонија на Европското првенство во Полска за Краков ќе замине на 13.јануари,а претходно ќе одигра и два контролни дуела со Црна Гора во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата