100.000 евра за стихотворби, спотови и организација на годишнината од Рамковниот за „Абериа дизајн“
Министерството за политички систем предводено од Артан Груби додели нов тендер за „Арбериа дизајн“.
Како што пишува „360 Степени“, тетовската фирма повторно ја доби јавната набавка за организација на годишнината од Рамковниот договор.
Станува збор за два договора (дела) од еден оглас. Едниот договор предвидува дека „Арбериа дизајн“ може да испорача услуги најмногу до 4.200.000 денари или 70.000 евра, а вториот – услуги до 1.800.000 денари или приближно 30.000 евра.
Првиот договор се однесува главно на обезбедување хотелски, кетеринг и услуги поврзани со опрема за органирање настани. Според понудата која е составен дел од вториот договор, „Арбериа дизајн“ ќе наплати од министерството на Груби околу 5.000 евра за концепт за организирање на настан за 22-годишнината од Рамковниот договор.
Слична сума е предвидена и за, како што е наведено во понудата, „стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна“ по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра.
Ново на Сител
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
-

Мециновиќ најавува конкретни решенија за отпадот во Скопје
