ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да не го меша ВМРО-ДПМНЕ во своите погрешни одлуки
Ја демантираме Арсовска и нека не го меша ВМРО-ДПМНЕ во своите погрешни одлуки – ќе побараме зголемување на буџетот за МКЦ
Одлучно и во целост ја демантираме градоначалничката Данела Арсовска и нејзините лажни тврдења дека разрешениот директор на МКЦ, Ванчо Богоев е член на ВМРО-ДПМНЕ.
Секако дека тоа што посочениот директор не е член на партија не значи дека лошо си ја врши работата и тоа треба да биде причина за било чие разрешување.
Кратењето на средства за МКЦ од Арсовска и владеачката коалиција во градот Скопје криминогената СДС, фолирантите Левица, уценетата ГРОМ и нивните газди ДУИ не е симболично, туку драматично, од 40 милиони на само 2 милиони денари.
Тоа што МКЦ имал зголемени приливи од сопствени средства и избори е само доказ дека менаџментот добро работел и не може да биде причина за казнување и намалување на парите за работа.
Затоа советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе предлог за зголемување на средствата и буџетот на МКЦ и другите институции од областа на културата под град Скопје.
Тоа што Арсовска правда дека тоа што детектив го поставила за директор на МКЦ и не било проблем со образование, дали тоа значи дека Арсовска со правен факултет може да работи и како доктор хирург?
Честото менување на директорите на институциите на град Скопје не зборува само за нестабилниот, конфликтен и несигурен карактер на градоначалничката туку внесува несигурност во функционирањето на институциите, неиницијативност и парализираност на истите што доведува до распад на системот кој е дизајниран за нормално функционирање на градот.
Арсовска нека смогне сили да не ја меша ВМРО ДПМНЕ во нејзините погрешни одлуки. Нема ден да нема скандал и нема ден Арсовска да не е конфликт самата со себе.
Советничка група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
