Македонија
7. August 2025 - 16:31

Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%

Од 15 август до 15 септември, учениците но и родителите ќе можат да купуваат училишен прибор по ограничени, односно намалени цени. Оваа одлука денеска ја донесе Владата со која ги задолжи трговците на мало да ги намалат цените за најмалку 15%, а трговците на големо до најмалку 10%.

Во намалените цени спаѓа речиси се од училишниот прибор- ташни, ранци, тетратки, блокови и колажи, моливи и пенкала како и дрвени и мрсни поици, фломастери, маркери- темперни, акрилни и водени бои со четки, како и останатиот потребен училиштен прибор за почетокот на училишната година.

Одлуката ќе трае еден месец.

Трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, соопштија од Владата.

Дополнително, пред продажните објекти или на некое истакнато место да има плакат со натписот Помалку трошоци, повеќе за тебе“ како и ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.

И минатата година Владата ги огранички маржите на училипниот прибор- 5% на големо и 10% на мало. Тогаш мерката беше на сила два месеци, а според анализите на надлежните, по ученик имало заштеда од 750 до 2.000 денари.