Македонија
23. May 2024 - 16:32

Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито

Одземен пасош, забрана да вади нов, не смее да излегува од Македонија и мора поверемено да се јавува во суд- Кривичен по предлог на обвинителството му определи мерки на претпазливост на Иџет Мемети.

Заменик претседател на Советот на јавни обвинители и второосомничен, за примање поткуп за да издејствува олеснително околности во случајот за поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев.

Мемети вели дека не е вмешан во случајот, а за блискоста со првоосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев вели се дружел со сите судии, но не разговарале за предмети.

Мемети заедно со судијата Георгиев, му ветувале на синот на Стојчев дека ќе издејствуваат да се намали казната за неговиот татко, во случајот Чибук кој се водеше против него за шверц со марихуана.

Но Стојчев се спогоди со обвинителството и призна вина и доби 5 години и 3 месеци затвор, неофицијално истиот ден на спогодбата кога судијата Георгиев беше фатен како ги подигнува обележаните 10.000 евра од синот на Боро Стојчев. За Мемети, обвинителството не бараше притвор бидејќи не бил на местото каде што Георгиев бил фатен со парите и немале доволно докази.

Врховниот судија Георгиев се наоѓа во притвор во Шутка, кој му беше определен пред два дена. Неговата одбрана се жалеше на решението, но Кривичниот совет денеска не го прифати и Георгиев останува да го издржува 30 дневниот притвор во истрашниот затвор Скопје.