-->
-->
Солистички рецитал на пијанистката Ана Гацева во Софија
-->

Во концертната сала „Борис Христов" во Софија, вечер од 18.30 часот солистички рецитал ќе одржи пијанистката Ана Гацева. На програмата се дела од Клод Дебиси, Јоханес Брамс и Кокан Димушевски.
Ова е втор солистички пијано-рецитал на нашата позната пијанистка во Софија, која пред неколку години имаше свое прво солистичко претставување во концертната сала „Бугарија". Организатор на настанот е Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на РМ.
Ана Гацева е редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што и дипломирала како најдобар студент на генерацијата. На ФМУ Гацева магистрирала со признанието cum laude во класата на проф. Слејанска.
Паралелно, дипломирала и магистрирала пијано и камерна музика на светски реномираната музичка академија Ecole Normale Superieure de Paris Alfred Cortot (1999-2002), во класите на професорите Јаса и Дебуши, стекнувајќи се со највисоката диплома за пијано-концертист. Во текот на својот престој во Париз, Гацева е ангажирана како соработник на Академијата и е стипендист на Академијата и на француската влада.
Докторската дисертација по пијано интерпретација ја одбранила на ФМУ-Скопје, под менторство на проф. Емеритус С. Јанг од Тринити Колеџот од Лондон и проф. Димитрие Бужаровски од ФМУ Скопје.
Гацева соработувала со врвни пијанисти и педагози, како Моник Дешосе, Жан Клод Пентје, Милена Молова, Александар Штаркман, Жени Захариева... Светски познатата „Моцартеум Академија“ ја завршила во класата на проф. Дел Вињ, како нејзин најмлад учесник и стипендист.
Имала бројни концертни настапи, од кои 30 надвор од Македонија, во познати концертни сали и институции низ светот. Добитник е на повеќе високи државни и меѓународни награди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
