Македонија
22. May 2024 - 16:41

Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром

Спречен шверц на речиси 2 тони вијагра и забранет лек за слабеење. Фирмата која на скопскиот аеродром падна во рацете на Царина немала дозвола за промет на големо со медицински средства, а робата пристигнала во сини буриња. Лековите не се регистрирани во Агенцијата за лекови, велат од Царинската управа.

Направено било и вештачење на медикаментите.

Сибутрамин е супстанца која се наоѓа на Националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанци и истата претставува стимуланс на централниот нервен систем. Предизвикува појава на срцеви и мозочни удари, поради што медикаментите коишто содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година

Силденафил Цитат Упс (вијагра) пак претставува супстанца која влегува во состав на медикаменти за лекување и истата подлежи на контролирана продажба“, информираат од Царина.

Случајот е преземен од Секторот за контрола и истраги, а против фирмата ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.