Македонија
8. October 2025 - 16:35

Локални избори 2025

Културен Дом Есма Реџепова, фудбалски стадион и пакет социјални мерки за најраливите во Шуто Оризари, ветува кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Додека пак неговата противкандидатка Каја Шукова од редовите на СДСМ ако извојува победа најавува Скопје без хартија – дигитален град за сите. Ветува електонски јавни услуги како темел на новиот модел на управување.   

Загреана е атмосферата и на кандидатите кои сакаат да седнат во градоначалничкото столче во Центар. Герасимовски од СДСМ со ветување за нови и модерни детски и спортски игралишта, а неговиот опонент од ЗНАМ кажа дека инклузивноста, социјалната грижа и локалната економија ќе бидат неговиот фокус ако стане градоначалник.

Чистотата ќе стане бренд за Карпош – порача кандидатот за прв човек Сотир Лукровски. 

Пораки за подобар Чаир денеска пристигнаа и од Меџити, и од Османи.