Македонија
1. October 2025 - 16:33

Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат

Вработените во Паркови и зеленило, заедно со нивните колеги од Флораком и Луна, 2 часа ги блокираа булеварите Илинден и Партизански одреди.

Си ја бараа августовската плата и здравственото осигурување – без кое останаа од денеска. Притисокот попладнево даде резултат, платата им беше испалтена но само на вработените во Паркови и зеленило. Останатите – утре ќе продолжат со протест на булеварот Илинден.

Покрај плата, вработените бараат и додатоци на плата, регрес за годишен одмор, јубелејни награди, како останатите вработени во јавните институции.

Ова не е прв пат вработените овие јавни претпријатија да останат без плата. Во август протестираа за неисплатена јулска, која ја добија на крајот на месецот.