ИНРМ бара да се врши месечно отчитување на броилата

Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата, бара Инженери на Република Македонија (ИНРМ).
Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Оваа измена, наведуваат, беше резултат на бројни поплаки од потрошувачите за паушално отчитување кое не соодветствува со реалната потрошувачка.
- РКЕ има обврска да го заштити правото на потрошувачите за фер наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија. Отчитувањето мора да се врши месечно, како што е предвидено за сите останати категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција. Продажбата на дистрибутивната мрежа на EVN беше мотивирана од потребата за модернизација и инвестиции, вклучувајќи воведување на дигитални броила со автоматско и далечинско отчитување. Ова требаше да обезбеди месечно фактурирање според реалната потрошувачка, намалување на грешките и подобрување на наплатата. Затоа, РКЕ треба да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата!, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
-

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник | ВИДЕО
-

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

За два денари поскапува дизелот
