Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
Очекувањата дека цените и натаму ќе растат ја подгреваат инфлацијата. Затоа кај нас се намалува побавно отколку во еврозоната, вели гувернерот на Народната Банка во интервју за радио Слободна Европа.
Според него, трошоците за живот ќе продолжат да се зголемуваат и во следниот период, а стабилизација се очекува во наредните 2 години.
Ваквата состојба не и одговара на владата, посебно пред избори, вели Славески, затоа што политичирите треба да ги убедат граѓаните да гласаат, иако џебот им е се попразен.
„Кога велам инфлациски очекувања, мислам на тоа дека постои верување дека цените и натаму ќе растат и самото тоа ја храни инфлацијата само од себе. Тука, да речеме, и производителите очекуваат дека ќе растат цените и се обидуваат да постигнат повисока цена. Граѓаните се приспособуваат, работниците притискаат за повисоки плати и така натаму“, изјави Трајко Славески, гувернер на Народна банка.
За да им се помогне на граѓаните, посебно за оние кои прв пат купуваат стан, гуверенерот најави измени во кредитирањето. Помало учество и пониски камати да понудат банките за лицата кои прв пат купуваат стан, а поголемо за лицата кои вишокот пари сакаат да го инвестораат во 2 или 3 стан.
Катастарот ќе провери дали лицата веќе имаат живеалиште или за прв пат ќе се стекнат со сопствен имот.
-Да речеме со 10 проценти учество од процентната вредност на станот, да може да се аплицира за кредит кај банките, а ќе го зголемиме потребното учество кај оние коишто купуваат стан, за како што велам, инвестиција или шпекулација во смисла на натамошно очекување на зголемување на цените, додаде Слевски.
Високите цени на метар квадратен, според Слевески, не се должат на повисоките цени на градежните материјали, бидејќи изминатиов период тие се намалени, туку на зголемената побарувачка и повисоката купувна моќ на граѓаните, во време кога во урбаните средини нема многу слободни локации за изградба.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар