Македонија
1. April 2025 - 16:34

Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната

И вработените студенти ќе имаат плус 140 денари дневно на нивните сметки. Законот за измена на субвенциониран студентски оброк доби зелено собраниско светло за да почне процедурата за негово носење. Со оваа измена на законот, плус 4.000 студенти ќе добиваат 840 денари на неделно ниво за оброк. 

Иницијативата за проширување на опсегот на мерката, доаѓа токму од студентите. Меѓутоа, за зголемување на сумата за оброк, младите ќе си почекаат догодина.

Парите што државата им ги дава на студентите се за јадење, но нема контролен механизам за тоа дали студентите некогаш со тие пари ќе си купат цигари или алкохол. Пари за јадење од државата земаат и студентите од соседството. 3,5 евра студентите во Словенија. Бугарите јадат во специјализирани мензи и плаќаат половина од сумата за оброкот што го јадат. Младите во Србија сами си ја одредуваат  цената за оброкот која студените ќе ја плаќаат. Во просек, за појадок, ручек и вечера имаат субвенции од 39% од оброкот.