Македонија
23. May 2024 - 16:33

57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази

Молк од министерството за здравство дали се валидни договорите на 18-те лица кои во се уште не завршениот изборен процес беа ангажирани на Токсикологија со само еден потпис од организациската директорка Бесија Иљази, иако правно разрешувањето на медицинскиот директор Данил Петровски не е завршено.

На ова укажа и Државниот здравствен инспекторат при вчерашниот трет надзор на Клиниката.

Во меѓувреме 57 редовно вработени во Установата преку допис до медиумите ја прашуваат Бесија Иљази дали се точни наводите за нејзиното незаконско менаџирање и бараат јавно да им одговори на прашањата.

Тие посочуваат дека меѓу 18-те старо – нови договорци има и нестручен, проблематичен кадар без соодветно образование и примери за непотизам.

- Дали сте спремна да понесете лична одговорност, што на 15 мај на се уште незавршени парламентарни избори, спротивно на законот, потпишувате решенија на договор на дело со 18 извршители, е едно од прашањата на 57-те вработени на Токсикологија упатени до организациската директорка.

Тие алармираат и дека лабораторијата секој ден останува нез некој реагенс за лабораторсиски и токсиколошки аналчизи за што уредно била известувана Иљази и ја прашуваат дали сака да се изврши тајно оценување за нејзината работа од сите вработени.