30% од децата од 6 до 9 години се со прекумерна тежина
Институтот за јавно здравје објави загрижувачки податоци во однос на прекумерната тежина на децата во Македонија. Секое 8- мо дете има проблем со тежината, а повеќе од 30% на возраст од 6 до 9 години имаат вишок килограми. Ова е резултат на новиот начин на живот и смалената спортска активност.
-Родителите треба да дадат поголем акцент, да бидат активни заедно. Задолжително да ги вклучат во пешачките зони, на спортрските терени, а од 6 годишна возраст слободно да се вклучат и да тренираат во спортски клубови. На таа возраст децата веќе истражуваат и пројавуват интерес за одредени спортови, изјави Мирко Јакимовски, професор по физичко образование.
Локалните власти, самостојно или со помош од државата и донаторите работат на подобрување на спортската инфраструктура, но многу малку средства се одделуваат за спортските работници, кои треба да бидат движечка сила, смета Јакимовски.
-Моментално сме многу малку, има голем недостаток на професори во сите училишта низ државата. Треба да се стимулираат платите на вработените во образованието, пред се професорите кои се занимаваат со спорт. Мора да се најде некаков модел дали државата или општините да ги стимулираат со некаква надокнада, со цел што повеќе луѓе да се вклучат во тој процес, додаде Јакимовски.
Дебелината како проблем е почесто изразена кај децата кои живеат во градските средини, а момчињата се по склони кон дебелеење, во однос на девојчињата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар