Фудбал
2. November 2017 - 8:52

Зидан: Не сум загрижен и никогаш нема да бидам

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не беше многу потресен по поразот од Тотенхем (3:1) во Лигата на шампионите. Тоа беше втор по ред пораз за „кралскиот клуб“, откако тимот викендот загуби и од Џирона (1: 2) во Примера.
 
- Не сум загрижен и никогаш нема да бидам. Имавме шанси да го избегнеме поразот, но не го пронајдовме патот до целта. Ние не сме во лоша форма физички, но психолошки ни е потешко да се издигнеме од ситуацијата. Можеби има играчи во полоша форма од другите, но целокупната ситуацијата е добра. Секоја сезона има моменти кога допуштаме повеќе голови, а во други помалку. Генерално, Тотенхем одигра подобро од нас, рече Зидан.
 
Реал последен пат два натпревари по ред имаше загубено во јануари.