Македонија
10. November 2024 - 16:46

Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија

Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија. Во повеќето случаи над 70 % од произведената количина вода за пиење во филтер станиците не се наплаќа од граѓаните и правните лица, што претставува огромен трошок кој се рефлектира врз финансиската кондиција на претпријатието. ЈКП од Пробиштип е пример за добра пракса, а АДКОМ организира работна средба за раководните и техничките лица од повеќето општини во Македонија, за да споделат знаења и искуства за да ги имплементираат и да го оптимизираат сопственото работење.

Ако во 2013-та година загубите на вода се движи над 75 % со импленетирање на проектот загубите на вода во општина Пробиштип, без останатите водоснабдителни системи се сведе под 30%, изјави Ненад Павиќевиќ ,директор на ЈКП „Никола Карев“-Прибиштип.

Промените не настануваат во краток временски интервал, туку тоа е еден долг процес која бара посветена работа. Еден од начините е со инсталирање на нови технологии. Првиот чекор е изградбата на фабриката за вода со процес на ултрафилтрација, а потоа следува замена на старите со дигитални водомери.

Пробиштип беше единствен град во државата кој беше покриен со дигитални водомери. Исто така дел од мерните инструменти беа заменети и кај поголемите индустриските потрошувачи, со што добивме реална и комплетна слика за тоа, колку и каква вода се испорачува до крајните корисници, изјави Благој Атанасов, раководител на одделение во ЈКП „ Никола Карев“-Прибиштип.

Следниот чекор е инсталација на web базиран софтвер за мониторинг и визуелизација на целиот водоснабдителен систем за рана детекција на дефектите.

Преку овој мониторинг правиме посебни зони на потрошувачка, каде можеме да го следиме протокот на водата и притисокот и кога тоа ќе го комбинираме со можноста сите тие водомери до крајните корисници да бидат брзо и ефективно прочитани, можеме да направиме многу лесна анализа за тоа, каде точно ни се наоѓаат загубите, да го лоцираме проблемот во оводоводната мрежа и да го решиме, додаде Атанасов.

Сето тоа допринесува да имаме поголем приход за да можеме да инвестираме во други проекти, изјави Ненад.

Дигиталната трансформација има за цел да ги подобри капацитетите за имплементирање и употреба на дигиталните алатки во секторот на јавните водоводни услуги.