Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
Ако Уставниот суд го допре албанскиот јазик, плоштадите во Скопје ќе бидат полни. Остро предупредување од лидерот на ДУИ од вчерашниот митинг во Шуто Оризари.
Загрижен сум што Ахмети станува фактор на дестаблизиација но не ме плашат заканите, - порача Премиерот.
Пораките на Ахмети доаѓаат во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот јазиците која се најавува за средината на идниот месец. Слични пораки интегративците испраќаа и за укинувањето на балансерот. Партиското раководство одржа и состанок на највисоко ниво на кој се решија, наместо на протести, незадовоството да го искажуваат на партиски митинзи.
За Законот за јазиците до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи, кои се споени во еден предмет. Иницијативите се од различни граѓани, политички партии и здруженија, а предметот е оформен пред повеќе од 4 години.
-
Алексадар Спасовски
Сите содржини од овој новинар