Преглед на вестите од светот
Над 130 000 луѓе синоќа излегоа на протест во шпанскиот реггион Валенсија. Бараат оствака од регионалниот лидер Карслон Мазон и од шпанскиот премиерот Санчез обвивајки за задоцнетиот одговор на минатонеделните поплави во Валенсија во кои загинаа над 270 луѓе, а многу други се водат како исчезнати. Се пожалија дека пораките за предупредување од поплавите стигнале вечерта на 29 октвмри кога речиси целиот регион веќе бил поплавен.
-Регионалната влада не предупреди навреме за поплавите, не реагираше на време.
-„Тоа е временски феномен. Се разбира, не можеше да се избегне, но големината на последиците можеше.и секако, ова се случи како резултат на нашите политичари и нивните постапки“.
Локалната власт соопшти дека акивирањето на системот за тревога било обрска на дирекцијата за цивилна заштита, кој е под ингеренции на владата во Мадрид, додека пак според централната власт тоа требало да го стори локалната власт. Демонстрантите извикуваа пораки „Убијци! и „Ние имаме кал на рацете, но вие имате крв. . потоа сОбирот се претвори во хаос откако група демонстранти се судри со полицијата. Уапсени се четири лица, а 31 полицаец се повредени.
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Москва од почетокот на војната во 2022 година. Утрово лансирала 34 беспилотни летала кон рускиот главен град што доведе до привремено затворање на аеродромите Домодедово и Жуковски. Руската армија соопшти дека руската противвоздушна одбрана ги собирала сите 34 дрона над московскиот регион. Остатоци од дрон паднале врз кука при што избил пожар а едно лице е хоспитализирано заради изгореници на лицето и вратот.
Најмалку 32 лица загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Џабалија во северниот дел на појасот Газа, соопштија палестинските лекари и спасусвачи. Мегу загинатите има 13 деца велат спасувачите. Во погодена куќа имало над 35 луѓе.
„Се разбудивме и го најдовме овој масакр. Не знаеме ни зошто се случи овој масакр или зошто овие сиромашни луѓе беа цел. Тие само живееја обични животи, ги извршуваа своите секојдневни рутини.
Израелските одбранбени сили соопштија дека нападнале локација во Џабалија каде што имало борци на Хамас и дека ги проверуваат извештаите за загинати цивили.
На 82 години почина Јанис Бутарис, поранешен градоначалник на Солун објави неговоот семејството. Како градоначалник на Солун, Бутарис првпат дојде во официјална посета на Македонија во 2013 и тогаш откри дека има влашки корени, од Крушево. Во текот на неговите посети на Македонија, имаше средби со македонски политичари и активно работеше на подобрување на односите помеѓу двете земји.
Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД и во американската сојузна држава Аризона, што значи дека ги освои сите седум држави кои важеа за клучни за осовјување на Белата куќа. По четири дена пребрување, Аризона е последната во редот клучни држави што го објави својот резулат – Трамп ги освои 11те електорски гласови и има вкупно 312. За еден претседателски кандидат да ја освои Белата куќа му се потребни 270 од вкупно 538 електорски гласа. Камала Харис доби 226. Трамп во среда треба да се сретне со претседателот во заминување Џо Бајден во Овалната соба - нивната прва средба по изборите.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар