Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
Освен во свежа, македонскиот зеленчук и овошје на пазарите може да се пласираат и во сушена форма. Производителите велат дека услови во државата постојат, има и побарувачка на пазарот, но главната бариера за целосно искористување на овој потенцијал е недостатокот од соодветни сушари. Дека ова може да функционира потврдува и примерот на Гоце Младеновски од Радовиш кој веќе неколку години успешно пласира сушено овошје и зеленчук, кои ги произведува на својата фарма.
Младеновски вели дека во моментов има многу земјоделци и мали производители кои се заинтересирани за ваквиот начин на преработка, но се соочуваат со ограничен пристап до технолошки напредни сушари кои ќе ги задоволат пазарните стандарди.
Вложувањето во сушари ќе помогне не само да се продолжи достапноста на македонските производи на пазарите во текот на целата година, туку и да се решат проблемите со складирањето и пласманот во периодите на хиперпродукција.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар