-->
-->
ЖРК Вардар против Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампионките
-->
Женскиот македонскиот првак ЖРК Вардар преку полуфиналниот дуел со ЦСМ Букурешт ќе се обиде да стигне до финалето во ракометната Лигата на шампиони, чија завршница и годинава е во Будимпешта.
Желбата на вардарки се исполни уште при ждрепката, па црвено-црните го добија посакуваниот противник, можеби и најлесен од трите можни на патот кон финалето.
Вардарки сезонава веќе одиграа два натпревари против романската екипа и тоа во втората фаза по групи. На мечот во Скопје на почетокот на јануари месец, македонскиот шампион забележа минимална победа со 22:21, а додека на гостувањето во Романија во февруари, вардарки беа убеливи и славеа триумф со пет голови разлика 30:25.
Средбата ЖРК Вардар – Букурешт ќе започне во терминот од 17 часот и 45 минути.
Инаку, во првиот меч од полуфиналето, кој ќе играат од 15:15 часот, ќе се сретнат Будуќност и Ѓер екипите кои триумфираа на последните два завршни Фајнал-фор турнири..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување