Жител на струшко Мороишта загина во сообраќајка кај охридскиот аеродром

Триесет и седумгодишниот Благоја Р. од струшкото село Мороишта го загуби животот во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Струга во близина на охридскиот аеродром.
Според полицијата, несреќата се случила околу 21:15 часот во близина на бензинската пумпа „Бесјани“, а до несреќата дошло кога Благоја управувајќи го патничкото возило „Киа“ со струшки таблички во правец од Струга кон Подмољје, изгубил контрола врз автомобилот и со предниот дел удрил во метална канделабра и ограда со бетонски столбови. Од силината на ударот, возилото се превртело на покривот и излетало надвор од патот.
Во тешка состојба повредениот бил префрлен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител на местото на сообраќајната незгода е извршен увид од страна на полицијата, а сообраќајот за време на увидот е со наизменично регулирање на сообраќајот.
Врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, како и дополнително вештачење врз патничкиот автомобил.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
-

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека
-

Стратегијата за образование денеска поставена на ЕНЕР - јавноста може да дава предлози и препораки
-

Отворен ресурсен центар за поддршка и развој на општините
-

Младите сакаат државата да влезе во Европската Унија но се повеќе губат надеж дека тоа ќе се случи наскоро
-

Се реконструира плоштадот Крушевска република
-

Четврти фемицид годинава, аларм за институциите
-

Преглед на вестите од светот
