Македонија
24. November 2025 - 12:32

Власта денеска ќе поднесе своја иницијатива за Анкетна комисија за сите досегашни несреќи

Власта денеска ќе поднесе своја иницијатива за Анкетна комисија за сите досегашни несреќи.

Претходно собранискиот спикер Гаши информираше дека ќе ја врати иницијативата на СДСМ и Левица за Анкетна комисија која ќе ги испитува околностите за трагедијата во Кочани. 

Предлогот за Анкетна комисија беше поднесен минатата недела од 20 пратеници на СДСМ и Левица. Власта прифати ваква Анкетна комисија, но рече дека ќе ја прошири надлежноста со останатите трагедии: пожарот на модуларната болница и автобуските несреќи Беса транс и Дурмо турс.