Зголемен интензитетот на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар - Кичево
По завршувањето на продолжениот празничен викенд во текот на денов и вечерва зголемен е интензитетот на сообраќајот на патниот правец Гостивар - Кичево, особено во правец кон Гостивар.
Од СВР Тетово за МИА изјавија дека заради избегнување на сообраќаен метеж се преземени соодветни мерки на регулирање на сообраќајот.
- За да се избегнат застоите на овој дел од патот се врши физичко регулирање на сообраќајот близу Стража, кај мостот кој е во фаза на реконструкција, и на крстосницата која води за Маврово и Гостивар. Сообраќајот на оваа делница беше регулиран со светлосна сигнализација (семафор), а денеска тоа го прават полициски службеници, изјавија за МИА од СВР Тетово.
По сообраќајниците низ гостиварскиот регион забележан е зголемен број на возила со оглед дека во овој дел од годината во родниот крај доаѓаат и печалбарите.
фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација