Згасна секоја надеж за семејството: Другарите Дејан и Жарко загинаа заедно
Згасна секоја надеж во семејствата Николиќ, Ковачевиќ и Костиќ.
Настрадаа пиротехничари во експлозија кај Техничкиот завод во Крагуевац, кои уште од 28 февруари се водат како „исчезнати“, а чии тела се пронајдени денес во рушевините. Жељко Николиќ (45) и Дејан Ковачевиќ (42), најдобри пријатели кои се вработиле во воената установа и таму, на истиот ден, по 24 години заедно загинале. Семејствата и домовите на настраданите се завиени во црно.
- „Претставници на војската во вечерните часови ни затропаа на врата и ни соопштија дека телата се пронајдени во рушевините. Покрај тоа, кажано ни беше дека мора да се направи и ДНК анализа, за да се изврши идентификација и тоа од братот на мојот покоен сопруг Далибор или од неговите родители. Нема зборови со кои може да се опише нашата тага, но покрај три денови агонија, неизвесност и чекање, барем имаме некаква информација. Претпоставував дека вака ќе заврши, но сепак имав трошка надеж дека е жив.“- изјави Ивана.
Семејствата кои од моментот кога експлодирал погонот за расклопување и уништување на експлозивни средства, додека работниците се обидувале да го изгасат пожарот, биле во контакт, сега знаат едно- погребот на Дејан и Жељко ќе биде во ист ден.
Министерството за одбрана соопшти дека се пронајдени три тела на местото на разорната експлозија, од кои вчера се извлечени две, а третото ќе биде извлечено денес, бидејќи ноќта ја оддолжи акцијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски
-
Од куќен, сопственикот на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор
-
„Плусинфо“: Сомнеж за ексфункционери на СДСМ вмешани во привилегиите на дискотеката Пулс
-
Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-
Ветувања за подобар живот во општините добија граѓаните од кандидатите