Ветувања за подобар живот во општините добија граѓаните од кандидатите
Бројни ветувања за подобар живот до глас повеќе. На една недела пред изборите, кандидатот за градоначалник на општина Чаир најави мобилна болница, каде 80 илјади граѓани бесплатно ќе прават превентивни прегледи. Ќе има и бесплатни медицински тимови во Чаир кои ќе ги посетуваат повозрасните дома.
„Повозрасните лица на некој начин се најпогодени во однос на здравјето. За нив ќе подготвиме здравствени тимови од лекари и медицински сестри кои ќе одат и ќе ги посетуваат во нивните домови кога ќе има потреба“, истакна Османи.
„Ќе има и посебни превентивни програми за жените, со фокус на раното откривање на рак на дојка и поддршка на физичкото и менталното здравје.“, изјави Бујар Османи, кандидат за градоначланик на Чаир.
Неговиот противкандидат пак, Меџити најави изградба на модерен кампус на универзитетот Мајка Тереза.
„На истиот ден кога завршува патот кон знаењето, започнува изградбата на модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, историска инвестиција од 40 милиони евра, прва од ова ниво што ја реализира една влада за албански универзитет во северна Македонија. Крај и почеток што се спојуваат во една порака: Чаир се движи напред, се развива, со знаење и со дела што остануваат засекогаш!“, изјави Изет Меџити, кандидат за Чаир.
Ревизија на сите урбанистички планови вети носителот на листата за советници за општина Кавадарци од Левица, Богевски
- Ја продолживме својата борба и вонинституционално со бранење на работничките права. Сме пружале бесплатна правна помош на десетици наши сограѓани за остварување на правото во имотно-правни спорови и за бранење на работничките права.
Целосна дигитализација на услугите на општината и воведување на праведен данок на имот, кој ќе го плаќат тие што имаат повеќе од еден стан, најавија од Зелен хуман град.
Продолжување на тарнзицијата кон зелене енергија, вети кандидатот за градончалник на Карпош. Јакимовски вели дека Карпош е единствената општина која има поставено фотоволтаици во сите основни училишта. Со оваа инвестиција, училиштата веќе ги намалија своите сметки за електрична енергија, а следниот чекор е уште поамбициозен – да станат производители и продавачи на електрична енергија.
„Нашата цел е едноставна – училиштата да произведуваат повеќе струја отколку што трошат, да ја враќаат назад во системот и да станат мали енергетски центри со голема општествена улога“, вели градоначалникот Стевчо Јакимовски.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар