Македонија
11. October 2025 - 16:33

Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Ревитализација на скопското Кале, Аквадуктот, Старата чаршија и Скупи најавува кандидатиот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓиевски. Заштитата и развој на културното наследство, вели, дека е еден од кчлучните столбови во неговата програма.

Кандидатот на владејaчката партија ВМРО-ДПМНЕ во Илинден пак, ветува нови проекти во училиштата.

Кандидатката на СДСМ за Скопје, пак, и денеска со ветување дека системот за брз транспорт во метрополата целосно функцинален со екоавтобуси ќе биде за само 2 години.

Митовски од СДСМ кој е во трката за прв човек на Гази баба ветува проекти во Стајковски, а Герасимовски во Центар вакцинација и чипирање на улични и домашни кучиња.

Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат време до петок да ги презентираат своите програми пред гласањето на 19 октомври.