-->
-->
Земјотрес во Јонското Море кај Закинтос
-->
Земјотрес со интензитет од 4.6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран рано изутринава во Јонското Море, на 48 километри јужно од грчкиот остров Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Меѓутоа, според Европско-медитерански сеизмолошки центар, како што јави дописничката на МИА од Атина, земјотресот, што се случил во 3.41 часот по локално време (2.41 часот по средноевропско време), бил со јачина од 4.8 степени според Рихтер.
Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.
Закинтос на 26 октомври беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 6.4 степени, што предизвика материјална штета, а оттогаш во Јонското Море често се регистрираат помали потреси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија