Loading Video...
Свет
9. September 2025 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Илјадници луѓе се собраа во Белград протестирајќи против употребата на сила од страна на полицијата на демонстрациите минатата недела и барајќи истраги за полицајци наводно лојални на претседателот Александар Вучиќ и неговата владејачка Српска напредна партија (СНС). Демонстрантите маршираа низ центарот на Белград и преку главниот мост преку реката Сава, застанувајќи кај Палатата на правдата, каде што истурија црвена боја пред зградата на судот и полициската станица.

Митингот доаѓа по протестот во севе Нови Сад во петок кога полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ја растера толпата. Полицијата соопшти дека прво биле нападнати од група маскирани лица.
Демонстрантите ја обвинија полицијата за употреба на прекумерна сила во Нови Сад во петокот и за време на претходните протести кога десетици беа повредени и приведени. Полицијата соопшти дека интерно ги истражува обвинувањата.

Францускиот Парламент ја разреши владата на премиерот Франсоа Бајру по само девет месеци на власт, при што неговата администрација го загуби гласањето за доверба.

На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа дека немаат доверба во владата, додека само 194 и дадоа доверба.

Според француски медиуми, Бајру денеска ќе ја поднесе оставката до претседателот Емануел Макрон. Сега е вистинска политичка криза во Франција, бидејќи по девет месеци релативен мир, државата се врати таму каде што беше минатиот декември со падот на неговиот претходник, Мишел Барние.

Претседателот Емануел Макрон сега се соочува со избор помеѓу свикување предвремени избори или избор на петти премиер за помалку од две години.

Израелските армиски сили извршија рација во куќата на еден од двајцата палестински вооружени лица кои убија шест лица во напад со пукање во Ерусалим во понеделник. Во нападот две вооружени лица отвориле оган на автобуска станица на периферијата на Ерусалим, убивајќи шест лица во она што полицијата го опиша како „терористички напад“, еден од најсмртоносните во градот во последните неколку години. Израелската полиција соопшти дека напаѓачите биле застрелани на местото на настанот од војник и вооружен цивил.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат, неколку часа откако Израел објави дека ќе започне масовни воздушни напади врз Појасот Газа. Нетанјаху додаде дека израелските сили во моментов се организираат за копнени „маневри“ во Газа.