Земјотрес од 7,1 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја
Земјотрес со интензитет од 7,1 степении според Рихтерова скала денеска е регистриран на 135 километри источно од градот Рабаул во источниот дел на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја.
Потресот се случил во 3 часот и 39 минути по локално време (18:39 часот по средноевропско време), соопшти Американскиот геофизички институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Пацифичкиот центар за предупредување за цунами објави тревога за можна појава на големи бранови.
Ова е втор силен земјотрес регистриран оваа недела во реонот на Папуа Нова Гвинеја, по оној од вторникот со интензитет од 6,7 степени според Рихтер.
Во земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што се случи во Папуа Нова Гвинеја на 26 февруари, загинаа повеќе од 100 лица.
Ново на Сител
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот