Loading Video...
Свет
20. јуни 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Градот Бершеба на југот на Израел повторно мета на иранските ракети. Погоден е технолошки парк и неколку станбени згради во близина на вчерашниот напад. Според тамошните власти 7 лица се повредени. Израелската војска соопшти дека извршила напади во текот на ноќта врз воени објекти наменети за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања во Иран со флота од 60 авиони.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека вчера во израелските напади бил погоден реакторот со тешка вода во Хондаб, но не бил во функција и не содржел нуклеарен материјал. Нетањаху дециден- Решени сме да одиме докрај да ја уништиме иранската нукеларната програма со или без помош на САД.

- Реков дека ќе ги постигнеме сите наши цели, сите нивни нуклеарни постројки, но одлуката за приклучување е на претседателот (Трамп), дали сака да се приклучи или не, тоа е негова одлука, тој ќе го направи она што е најдобро за Соединетите Американски Држави, а јас ќе го направам она што е најдобро за Израел, изјави Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.

Трамп ќе донесе одлука дали америкнската војска директно ќе се вклучи во израелско-иранскиот конфликт во следните две недели. Тој и дава шанса на дипломатија соопшти  Белата куќа.

- Имам порака директно од претседателот, цитирам: „ Врз основа на фактот дека пости значителчна веројатност за преговори, кои може, но и не мора да се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да се приклучам или не, во следните две недeли, изјави Каролин Ливит, портпарол на Белата куќа. 

За предлогот на САД за продолжување на нуклеарните преговори, министрите за надворешни рабоити на Велика БРитанија, Франција, Гемранија, заедно со шефицата за надворшена политика на ЕУ денеска во Женева треба да разговраат со иранскиот министер за надворешни работи. Пред средбата шефот на иранскаат диплоамтија порача- нема да преговараме додека Израел напаѓа.

Разговорите помеѓу Иран и САД пропаднаа кога Израел почна воена операција за уништување на нукеларните и ракетните капаците на Иран минатиот петок велејки дека дека има за цел да го спречи својот долгогодишен непријател да развие нуклеарно оружје. Иран вели дека неговата нуклеарна програма е мирнодопска.