Свет
19. јуни 2025 - 18:19

Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел

Уапсени се 24 луѓе кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, кои се обидувале да го сменат јавното мислење и да го оцрнат и уништат угледот на светиот систем на Исламската Република Иран, изјави полицискиот командир во западен Техеран, Киумарс Азизи

- Уапсени се 24 луѓе кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, кои се обидувале да го сменат јавното мислење и да го оцрнат и уништат угледот на светиот систем на Исламската Република Иран, изјави полицискиот командир во западен Техеран, Киумарс Азизи.

Од 14 до 18 јуни, иранските власти соопштија дека уапсиле најмалку 44 луѓе поврзани со наводни фабрики за бомби или беспилотни летала, шпионски мрежи и складишта за експлозиви, како и „терористички тим“ чија бројност не е објавена.