Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
Општина Штип во првата половина од тековната година наплатила половина од средствата кои граѓаните ги должат на име данок на имот. Споредено со минатата година, за истиот период биле наплатени 30 % од предвидените 54 милиони денари.
Сепак, до крајот на годината биле прибрани 52,5 милиони денари или 97% од планираните средства. Годинава подисциплинирани се правните лица, односно, од нив се наплатени половина од средствата, а физичките лица се нешто помалку.
-Од побаруваните 60 милиони денари по решенијата за 2025 година, до денес се наплатени 31 милион денари или тоа покажува наплата од 50 %. Ова покажува дека за разлика од преходните години финансиската дисциплина на граѓаните се зголемува. Ако претходно годината сме ја завршувале со 67 проценти наплата на данок на имот, сега до овој момент имаме 50%, изјави Драган Каров, одделение за даноци, ЛС- Штип.
Ова ја става општина Штип на листата подобри општини во земјата кога е во прашање наплатата на данокот на имот.
-Апелирам до граѓаните обврската да се заврши до 15.11 во годината со цел да се избегне пресметка на камати и други непопулани мерки, додаде Каров.
Прибраните средства од данокот на имот се инвестираат во реализација на капитални проекти во општината.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар