Македонија
20. јуни 2025 - 16:32

Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите

Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите, но сите со различен фокус.

Тврдењата на власта дека по изборите ќе ја снема СДСМ од политичката сцена, според опозицијата е доказ дека паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе ги казнат за погрешните политики. 

ВМРО-ДПМНЕ пак тврди дека вчерашниот инцидент во општина Кочани е добро смислено сценарио на СДСМ за дестабилизација на државата пред изборите за спас на рејтингот на Филипче.

Во убедлива победа на локалните избори се убедени и од Европскиот фронт. Резултатите од изборите според нив несомнено ќе повлечат одржување и на предвремени парламентарни.

Според Мурати предвремени избори се потребни и поради тоа што само Македонија во целиот регион назадува на патот кон ЕУ. Не затоа што нема капацитет, туку како што вели, затоа што нема политичка волја.