Земан: Денес не постои сомнеж за врската меѓу миграцијата и тероризмот
Чешкиот претседател Милош Земан во својата Божикна порака, освен на состојбите во својата земја се посвети и на актуелните прашања поврзани со миграцијата, тероризмот, Брегзит.
- Поголемиот дел од вината е на сегашното раководство на Европската унија (ЕУ), која е бирократска, рече Земан во врска со Брегзит, упатувајќи критики кон Унијата дека не може да ги заштити своите надворешни граници.
Земан потсети и на терористичките напади во Европа, додавајќи дека „денес веќе никој не се сомнева за врската меѓу миграцискиот бран и терористичките напади".
Чешкиот претседател го повтори своето незадоволство од ЕУ задолжителните квоти за примање на бегалци од земјите членки, конкретно за Чешка, обврската е да прими 6.200 бегалци.
- Сместувањето во Чешка на муслимански бегалци кои тешко се вклопуваат во средината, би значело создавање на масовна поддршка за можни терористички напади и пред тоа сакам сериозно уште еднаш да предупредам, порача Земан.
Тој смета дека помошта треба да се концентрира во земјите од каде бегалците доаѓаат, во случајот Грција и Италија, кои се соочуваат со миграциските бранови.
Земан во својот говор изјави и дека е против обидите за цензурирање на Интернетот, изразувајќи го на тој начин својот став во врска со идејата во Чешка да се формира Центар за борба против дезинформации во сајбер просторот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница