ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
Поддршка за градоначалнички кандидати е тоа што го договориле Мицкоски и Максим Димитриевски како соработка за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе имаат посебни советнички листи. Помалите партнери на владејачката партија остануваат во коалиција и во трката за локалана власт.
ЗНАМ веќе објави дека ќе имаат свое име за градоначалник во една скопска општина на кое ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да му даде поддршка, најверојатно Карпош. Истото е договорено и за Куманово, каде Димитриевски конкурира за 3 мандат.
Мицкоски се уште не открива кој е во конкуренција за прв човек на град Скопје. Неофицијално, се уште најсериозни кандидати се Перински од локална самоуправа и Ѓорѓиевски од Кисела Вода. Партиски извори не исклучуваат во последен момент да се појави и името на екс градоначланикот и директор на Државни патишта Коце Трајановски. И албанскиот партнер Вреди јасно е дека ќе оди со заеднички кандидати и советнички листи. Можна е и тивка соработка со ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини каде е посилна конкуренцијата со ДУИ.
СДСМ засега не успеа да договори соработка со некоја партија надвор од нејзината коалиција со помалите партнери. Незивесна е соработката дури и со ЛДП кои и на минатите локални избори одеше независно од СДСМ, а сега се разгледува соработка со граѓански здруженија.
Се понеизвесна станува и соработката во Европскиот фронт на ДУИ. Тврдат дека разговорите траат без да потврдат дали има договор со Таравари, кој ја напушти Владата токму поради локалните избори.
Таравари најави дека тој лично нема да се кандидара за Гостивар, но од крилото на Села веќе јавно коментираат дека соработка со Таравари на кое било ниво не е прифатлива поради заедничкото минато. Дополнително фронтот на Ахмети се соочува и со можното заминување на Тачи во редовите на власта иако официјално од ДУИ велат дека нема проблем во коалицијата.
Мицкоски пак, не е опотварен со тоа дали ќе се зголеми мнозинството.
Сепак, власта изминатиот период се соочи со проблем за гласање на законите за кои е потребно Бадентерово мнозинство.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар