Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
Премиерот не покажува некој оптимизам во пресрет на гласањето на извештајот за Македонија. Вели, би бил среќен доколку биде изгласан, но Бугарија врши жестоки притисоци.
На почетокот на месецов Европскиот парламент го одложи гласањето на извештајот за Македонија по жестоките реакции на бугарските европратеници кои се противеа што известувачот Вајц јасно ја издвоил посебноста на македонскиот јазик и идентитет. Тие го обвинија за нерегуларности и со амандмани побараа да се прецизира дека станува збор за сегашниот македонски јазик и идентитет.
Новото гласање во комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент е закажано за 24 јуни.
На истиот ден во Хаг почнува Самитот на НАТО, но можната средба меѓу македонската и бугарската делегација таму и натаму останува неизвесна.
Шефот на македонската дипломатија и Претседателката Сиљановска веќе излегоа со став дека се подготвени за средба во Хаг прецизирајќи дека Македонија нема намера да разговара за прашања поврзани со идентитетот.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар